ТРИ ПРАШАЊА ШТО ЌЕ ВИ ПОМОГНАТ ДА БИДЕТЕ ПОУСПЕШНИ НА РАБОТА

Њујорк, (Мик)

Сигурно знаете дека ако сакате да имате добра живејачка за да можете навистина да го живеете животот како што посакувате, мора или да почнете порано со навиката на штедење или да најдете поисплатлива работа или двете. Што се однесува до наоѓање работа и до постигнување успех во професионалниот живот, точно е дека надворешните фактори, како привлечниот изглед и манирите, се предност, но само до некоја мера.

Во суштина, постојат бројни фактори кои ги имаме под контрола и коишто можат да влијаат врз вашиот успех во кариера. Почнете со овие три прашања:

Дали ризикувам?

Покрај факторот интелигенција, постои и фактор на преференција за ризикување, велат авторите на едно истражување, спроведено од Европските истражувачи на науката и природата на човечкото однесување.

Желбата за ризикување може да биде различна во разни области на животот. Но, како се поврзува ризикот со успехот? Последната анкета на Велс Фарго покажа дека 53% од младата генерација „никогаш не би се чувствувале удобно кога би инвестирале на берза“, иако можноста за профит би можела да достигне три милиони долари во тек на 40-годишна кариера.

Дали си потрошувач или заштедувач?

Еден од најважните фактори е токму прашањето дали трошиш или штедиш или, со други зборови, колку ти се важни парите.

Според едно истражување, луѓето кои рекле дека сакаат повеќе да трошат отколку да штедат, потрошиле трипати повеќе од оние што рекле дека сакаат да заштедат за во иднина. Така што, личните желби го предодредуваат начинот на кој се однесуваме.

Затоа е важно да се запрашате: кој од овие два типa сте? Таа перцепција може да ги смени вашите избори и да влијае врз резултатот. А, доколку не сте „природен заштедувач“, разгледајте ја можноста за автоматска банкарска поделба на парите. Инаку, нема да имате доста за пензија.

Како се чувствуваш за себеси?

Нарцисоидноста секако не е нешто што би требало да се додаде во резимето. Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека љубовта кон себе навистина може да ви помогне во кариера. Апликантите коишто имаат висока перцепција за себеси, исто така, имаат тенденција да покажат феноменални резултати во работните интервјуа.

Обично, тие зборуваат повеќе за себе, кажуваат по некоја шега, го задржуваат контактот со очите и поставуваат прашања.

За среќа, има начини како да го разбудите нарцисот во себеси, без да испаднете смешни. Убаво би било да подготвите список на прашања за да не оставите впечаток дека не сте ентузијастични и заинтересирани за работата. А, ако во некој момент се блокирате, поставете му прашања на работодавецот за историјата на компанијата или слично и активно слушајте.