ТРКА ЗА ДЕЦА ОД ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ НА 10 МАЈ ВО ОХРИД ВО РАМКИТЕ НА „ОХРИД ТРЧАТ“

Охрид, (СМАРТ СДК.МК)
На 10 мај, на Градскиот стадион „Билјанини извори“ од 11 часот ќе се одржи детска трка, во рамките на традиционалната манифестација „Охрид трчаТ“.
„Сите првачиња од територијата на Општина Охрид и Општина Дебарца ќе имаат можност да бидат дел од ‘Охрид трчаТ детска трка 2024’. Ова е неформална трка каде сите учесници ќе истрчаат по 100 метри поделени во групи. Оваа трка нема победници, на оваа трка сите се победници. Учеството е бесплатно и за сите учесници се обезбедени маица, медал, вода и подароци од партнерите на детската трка“, велат од „Охрид трчаТ“.
Целта на трката е децата да се научат на здравиот начин на живот и градење повисока свест за спортување.