Дваесетгодишна активистка која покрена тужба за дискриминација против своето училиште затоа што не ѝ дозволи да користи женски тоалет ќе биде првиот телевизиски трансродов суперхерој.
Никол Мејнс ќе се појави како Нија Нал во серијата на „Ворнер брос“, „Супергрл“ и продуцентите го опишаа нејзиниот лик како „нежна млада трансродова девојка, која е водена од сила да штити други“.
Мејнс се здоби со национално внимание кога покрена правна битка против средното училиште во Ороно, за да ѝ се дозволи да го користи женскиот тоалет. Тоа беше прв случај висок суд во САД да пресуди дека трансродова личност смее да го користи тоалетот на родот со кој се идентификува.
Мејнс при раѓањето била заведена како машко, но таа вели дека уште на тригодишна возраст знаела дека е трансродова личност и подоцна го зела името Никол.