Сопствениците на правата на книгата „Господар на прстените“ на Толкин му забранија на „Амазон“, кој треба да почне да снима телевизиска верзија, да ги менува или повтори приказните кои беа дел од филмските адаптации на режисерот Питер Џејксон.
Том Шипи, ученик на Толкин кој имаше за задача да го надгледува снимањето на претстојната серија, изјави дека, сопственциите на правата нема да дозволат серијата да се случува никаде на друго место освен во Втората ера на Средната Земја, што е периодот пред Третата ера, прикажана во филмовите оскаровци. Втората ера го опфаќа периодот од 3441 година. За ова време, Саурон го направил Прстенот на моќта и таа завршува со неговиот пораз од кралот на Гондор, Исилдур, кој се појави во филмовите на Џексон.
„’Амазон’ имаат релативно голема слобода што се однесува на додавање на нешто во Втората ера. Но, сопствениците на правата и творештвото на Толкин ќе инстистираат да не се менува главниот облик на Втората ера“, рече Шипи.
„Амазон“ претходно објави дека ТВ-серијата „Господар на прстените“ ќе почне да се снима во 2020, но без конкретен датум.