Актерската двојка Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли нема да присуствува на годишната церемонија на доделување на Златните глобуси вечерва (5 јануари), поради правната битка на Лајвли со актерот и режисер Џастин Балдони.
Рејнолдс (48) и неговиот колега Хју Џекмен, се номинирани во категоријата филмски достигнувања на овогодинешната церемонија. Џекмен, 56, исто така нема да присуствува.
Одлуката на тројцата актери да не присуствуваат на церемонијата била донесена по поднесувањето на жалбата на Лајвли и тековната правна битка со Балдони (40).
Водителката на Златните глобуси Ники Глејзер рече дека нема да се шегува за правната пресметка на Лајвли со Балдони за време на церемонијата, ниту пак ќе ја споменува темата.
„Мислам дека битката на Блејк Лајвли-Џастин Балдони е толку жешка работа во моментов што дури и самото спомнување на тоа ќе изгледа дека би можела да бидам на погрешната страна на работите“ рече Глејзер.
Актерот и режисер Џастин Балдони планира да ја тужи колешката Блејк Лајвли, откако таа го обвини за сексуално вознемирување и дека започнал кампања за оцрнување против неа.
Балдони и Лајвли глумеа во филмот „Завршува со нас“ (It Ends with Us). На 20 декември, Лајвли го обвини Балдони, кој и го режираше филмот, неговата продукциска компанија и неговиот тим за односи со јавноста дека создале непријателска работна средина и воделе клеветничка кампања против неа. Во жалбата, поднесена до Граѓанскиот суд на Калифорнија, Лајвли го обвинува Балдони за несоодветни постапки како што е влегување во нејзината приколка додека доела и коментирање за нејзината тежина.