ДЕСЕТ АКТЕРИ ОД „ИГРА НА ТРОНОВИ“ НОМИНИРАНИ ЗА ЕМИ НАГРАДА

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Игра на тронови“ заработи уште 32 номинации за Еми за својата последна, осма сезона и актерите од серијата меѓусебе ќе се борат за најпрестижната ТВ-награда. Ова е рекордна бројка номинации за една серија досега, откако „Њујоршките сини“ добија 27 во 1994 година. 

Номинација добија дури десет актери и актерки (Емилија Кларк, Питер Динклиџ, Кит Харингтон, Софи Тарнер, Мејзи Вилијамс, Лена Хиди, Алфи Ален, Гвендолин Кристи, Николај Костер-Валдау и Карис фан Хоутен), а најбројни се во категоријата најдобра женска споредна улога во драмска серија – четири.

Игра на тронови“ е веќе најуспешната серија во историјата на Еми наградите, со 47 освоени статуетки.

На второто место по бројот на номинации, 20, е „Прекрасната госпоѓица Мејзл“, додека уште една хит-серија на Ејч-Би-О „Чернобил“ ќе се бори за 19 награди, што ги вклучува и главните актери Џаред Харис, Емили Вотсон и Стелан Скарсгорд.

Наградите Еми ќе бидат доделени на 22 септември.