ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЈА РЕШИ РУБИКОВА КОЦКА ЗА ЕДНА СЕКУНДА

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Систем со вештачка интелигенција ја состави Рубикова коцка за само една секунда.

Алгоритамот „DeepCubeA“ е креиран од тим истражувачи од Универзитетот Калифорнија и тие сметаат дека тој имал поинаква стратегија од онаа со која луѓето ѝ пристапуваат на оваа 3-Д логичка сложувалка.

Тој самиот ја научи. Веројатно, формата на размислување на вештачката интелигенција целосно се разликува од човечката“, изјави професорот по компјутерски науки на Универзитетот Калифорнија, Пјер Балди.

На алгоритамот му биле дадени десет милијарди комбинации на сложувалката и целта била да ги дешифрира сите во 30 потези. Тој потоа бил тестиран на 1.000 од нив и успеал секој пат. 

На луѓето обично им требаат околу 50 потези за да ја решат Рубикова коцка, додека на системот му требале во просек 28 потези.