Оскаровецот Џејми Фокс ќе го глуми Мајк Тајсон во нова минисерија во продукција на легендарниот бoксер, Мартин Скорсезе и „Фокс“.
„Веќе некое време барам начин да ја раскажам мојата приказна. Се радувам што ќе направиме серија која не само што ќе ги опфати моите кариера и приватен живот, туку и ќе инспирира и ќе ја забавува публиката“, вели поранешниот шампион во тешка категорија.
Сѐ уште не е познато кога и каде ќе се емитува серијата.