Легендарниот британски актер Џонатан Прајс ќе го глуми сопругот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип, во петтата и шестата сезона на ТВ-серијата „Круна“.
Прајс ќе ја наследи улогата од колегата од „Игра на тронови“, Тобајас Мензис, кој го играше принцот во третата и четвртата сезона. Прајс ќе ѝ биде партнер на Имелда Стонтон, која ќе ја игра Елизабета Втора во последните две сезони. Лесли Манвил пак, доаѓа на местото на Хелена Бонам Картер како принцезата Маргарет.
Петтата и шестата сезона ќе се фокусираат на животот на британското кралско семејство во раните 2000-те.