ЏУЛИЈА РОБЕРТС ЌЕ ГЛУМИ ВО КРИМИНАЛИСТИЧКИ ФИЛМ КОЈ СЕ СНИМА ВО ЛОНДОН

САД, (Холивуд Рипортер)

Џулија Робертс ќе глуми и ќе биде ко-продуцент во криминалистичкиот филм „Kill Your Darlings.“, кој ќе излезе во јуни оваа година. Романот е напишан од Питер Свонсон, а ќе го режира Џејмс Греј

Оскаровецот ќе го продуцира филмот и ќе игра една од главните улоги. Остатокот од продуцентскиот тим го вклучува Скот Стубер, Лиза Гилан, Мариса Јерес Гил, Џејн Розентал, Бери Велш и Ник Несбит.

Филмот зборува за Том и Венди Грејвс, навидум совршена брачна двојка која крие мрачна тајна.

Двојката живее во прекрасна куќа на источниот брег на САД и има возрасен син Џејсон, кој се иселил од домот на неговите родители. Том е професор по литература на локалниот универзитет, а Венди е позната поетеса. Сè е совршено во нивните животи, освен фактот дека Венди сака да го убие својот сопруг. Филмот моментално се снима во Лондон.