ДИЛАН ДОГ ЌЕ ДОБИЕ СЕРИЈА СО ДЕСЕТ ЕПИЗОДИ

Лос Анџелес, (Вараети)

Џејмс Вон, режисерот на „Аквамен“ и креатор на хорор франшизата „Сложувалка на стравот“, ќе прави серија за култниот стрип лик Дилан Дог и за таа цел се здружи со неговиот италијански издавач „Серџо Бонели“.

Серијата од десет епизоди ќе биде на англиски јазик и ќе се базира на популарната серија стрипови на Тицијано Склави, во која главни ликови се Дилан Дог, истражувач на паранормалното и неговиот помошник Гручо. Стрипот се издава веќе 33 години и досега се излезени повеќе од 500 епизоди.

Вон ќе ја продуцира серијата преку неговата компанија „Атомик монстер“.

Дилан Дог е еден од моите најомилени стрипови. Со него се запознав уште во средно преку еден пријател од Европа и иако не го разбирав странскиот текст, лесно ја разбрав приказната преку убавиот цртеж. Возбуден сум што добив можност да го пренесам на филм“, изјави Вон.  

Дилан Дог, чиј лик е заснован врз британскиот актер Руперт Еверет, досега имаше само две филмски адаптации.