„Дизни“ потврди дека Јуан Мекгрегор се враќа во улогата на Оби-Ван Кеноби во новата серија „Војна на ѕвездите“, што ќе се прави за новиот стриминг сервис на компанијата, „Дизни+“.

Британскиот актер лично ја соопшти веста кога се појави на конвенцијата на „Дизни“, „Д23 ексо“ и новата серија наводно ќе се случува осум години по завршувањето на дејството во „Одмаздата на Сит“.

Според претседателката на „Дизни“, Кејтлин Тарнер, новата серија, која засега нема име, ќе почне да се снима наредната година. Тоа ќе биде трета серија од универзумот на „Војна на ѕвездите“ што ќе се прави за „Дизни+“.

„Сценариото е напишано, со снимањето почнуваме наредната година и сите сме многу возбудени околу тоа“, кажа Тарнер.

Мекгрегор го играше Кеноби во филмската трилогија од 1999 до 2005 година и потоа неговиот глас се појави во „Силата се буди“ од 2015.

Стриминг сервисот „Дизни+“ ќе биде лансиран на 12 ноември.