СКОПСКИТЕ ПАНК РОКЕРИ „ПОСЛЕДЕН УДАР“ ГО ПРОМОВИРААТ ПРВИОТ АЛБУМ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Последен удар“, новата сила на домашната панк рок сцена, вечерва ќе го промовира својот дебитантски албум насловен „Не сме како вас!“. Промоцијата ќе биде слушачка и ќе се одржи пред бифето на Младински културен центар во Скопје со почеток во 21 часот, при што албумот, кој содржи десет песни, ќе може да се купи по цена од 300 денари.

Скопската петорка „Последен удар“ го имаше првиот настап пред само две години и за кратко време стана еден од омилените урбани бендови, што особено дојде до израз на годинашниот концерт на „Смат“, кадешто беше една од предгрупите. Првиот студиски миниалбум го објави лани.