Марта Кофман и Дејвид Крејн, креаторите на сријата „Пријатели“, заедно со извршниот продуцент на серијата, Кевин Брајт, неодамна разговараа за претстојната 30-годишнина од почетокот серијата на 22 септември, и како смртта на Метју Пери го промени начинот на кој тие ја гледаат.
„Тоа е огромна загуба. Тоа ја прави 30-ката некомплетна“, кажа Кофман. Таа додаде: „Тој нѐ смееше секој ден, Дејвид Швимер за него секогаш велеше дека е најсмешниот човек во собата“.
Во меѓувреме, Брајт размислуваше за борбата на Пери со зависноста во текот на неговата кариера, за која починатиот актер беше многу отворен кон крајот на својот живот. Продуцентот рече дека добро му оди на обединувањето на актериите од серијата во документарниот филм во 2021. „Во обединувањето навистина се чувствуваше како дека нашол мир“.
Претходно, Кауфман зборуваше и за тоа како да се слави покојниот член на актерската екипа по неговата смрт.
„Донирајте во центрите за лекување од дрога, ајде да се бориме со болеста“, изјави таа. „Вториот начин е да ги гледате „Пријатели“ и да го запомните не како човек кој умрел така, туку како човек кој бил урнебесно смешен и им донесе радост на сите“.
Продуцентката на серијата Марта Кофман со Метју Пери (Фото: Гети)