ЕКИПАТА НА „КУЌАТА НА ЗМЕЈОТ“ СЕ СОБРА ВО ЛОС АНЏЕЛЕС ЗА СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА

Лос Анџелес, (Ројтерс)

Игра на тронови“ се враќа во форма на приквел серијата „Куќата на змејот“ со сосема нови актери, кои вчера се собраа во Лос Анџелес за нејзината светска премиера. Рајан Кондал и Мигел Сапочник ги заменија Дејвид Бениоф и Ди Би Вајс како автори на серијата.

Има повеќе богатство, има повеќе од половина век мир и ова, всушност, е приказна за куќа која е поделена. Овдека се зборува за само една куќа која се распаѓа одвнатре. За разлика од ‘Игра на тронови‘, каде што имаше повеќе семејства раширени на повеќе континенти, ова е доста поинтимна приказна“, вели Кондал.

Педи Консидајн го игра кралот Висерис Таргарјен (Фото: АФП)

Серијата започнува со кралот Висерис Таргарјен (Педи Консидајн), кој размислува кој да биде негов наследник, синот Демон (Мет Смит) или ќерката Ренира (Ема Д‘Арси). Притоа се појавува и трет аспирант за тронот, Алисент Хајтауер (Оливија Кук), која се омажи за Висерис по смртта на неговата прва сопруга.

Велшкиот актер Рис Иванс, кој го игра таткото на Алисент, сер Ото Хајтауер, вели дека е многу позитивен за иднината на серијата.

Изведбите на сите актери се ништо помалку од исклучителни и сега треба да видиме како ќе биде прифатена од публиката“, изјави Иванс.

Куќата на змејот“ ќе почне да се прикажува на стриминг платформата „Ејч-Би-О макс“ на 21 август. Деталите за првата епизода се чуваат во тајност, а претходно не смеат да се објавуваат ни рецензии за неа.