Ѕвездите на популарната тинејџерска серија од 1990-ите „Беверли Хилс 90210“ ќе се обединат во нов проект. „Фокс“ објави дека дел од оригиналната екипа ќе игра во „порасната верзија“ на серијата, која ќе има шест епиозоди и ќе се емитува летово.

Тори Спелинг, Џени Гарт, Габриел Картерис, Брајан Остин Грин, Јан Зиринг и Џејсон Присли (Фото: АП)

Според ТВ-мрежата, новата драма насловена „90210“ е инспирирана од реалните животи и врски на актерите, комбинирано со „здрава доза на непочитување“.

Потврдено е дека Џејсон Пристли (Брендон), Џени Гарт (Кели), Јан Зиринг (Стив), Габриел Картерис (Андреа), Брајан Остин Грин (Дејвид) и Тори Спелинг (Дона) ќе играат во серијата. Шенон Доерти (Бренда), која се лекуваше од рак и Лук Пери (Дилан), кој пред неколку дена доживеа мозочен удар, не беа спомнати во прв момент.

Оригиналната серија се емитуваше од 1990 до 2000 година.