„ЕПЛ+“ ПОТВРДИ ДЕКА ЌЕ ИМА ТРЕТА СЕЗОНА НА НЕГОВАТА НАЈГЛЕДАНА СЕРИЈА „РАЗДВОЈУВАЊЕ“

Лос Анџелес, (Вараети)

Само ден по финалето на втората сезона, стриминг платформата „Епл+“ објави дека хит-серијата „Раздвојување“ (Severance) ќе има и трета сезона. Мистериозната научно-фантастична серија е најгледната содржина во историјата на оваа платформа.

Адам Скот е главната ѕвезда на серијата во која неговиот лик Марк Скаут поминува низ процедура на раздвојување која го разделува неговиот приватен живот од она што го прави на работа во биотехнолошката компанија „Лумон“, која го слави Кир како свој бог.

Покрај Скот, дел од редовната актерска постава се Брит Лоуер, Зек Чери, Џон Тортуро, Кристофер Вокен и Патриша Аркет. Режисер на повеќето епизоди е Бен Стилер.

Креаторот Ден Ериксон изјави пред премиерата на втората сезона дека веќе се направени многу детали за третата сезона и горе-долу знаат колку сезони ќе прават.