Неизвесноста на една од најпопуларните серии на светот е речиси готова.

„Куќа од хартија“ (La casa de papel), шпанската серија која стана глобална сензација благодарение на „Нетфликс“, го доби датумот на премиерата на петтата и последна сезона, но заклучокот ќе има два дела. Првите пет епизоди ќе можат да се гледаат од 3 септември, а вториот дел со последните пет епизоди ќе биде објавен на 3 декември.

„Кога почнавме да ја пишуваме петтата сезона среде пандемијата, почувствувавме дека треба да го промениме очекуваниот формат со десет епизоди, со цел да направиме сензационално финале на серијата уште во првиот дел“, изјави креаторот на серијата Алекс Пина.

„Куќа од хартија“ почна да се емитува во 2017 на шпанската телевизија „Антена 3“, по што беше откупена од „Нетфликс“.

„Се ближи крајот на најголемиот грабеж во историјата и она што почна како грабеж, ќе се претвори во војна“, најави „Нетфликс“.