ХИТ-СЕРИЈАТА „КАВГА“ ЌЕ ДОБИЕ ВТОРА СЕЗОНА СО ЏЕЈК ЏИЛЕНХАЛ И ЕН ХАТАВЕЈ

Њујорк, (Дедлајн)

Иако беше замислена како минисерија, „Нетфликс“ ја најави втората сезона на „Кавга“ (Beef), откако таа стана голем хит и освои дури осум награди Еми.

Втората сезона ќе има сосема нова приказна и нова актерска екипа. Ќе се фокусира на две скарани двојки, при што, според најавите, едната би ја сочинувале Чарлс Ментон и Кејли Спини, а другата Џејк Џиленхал и Ен Хатавеј. Снимањето треба да почне на крајот на летото или наесен.

„Кавга“ беше прогласена за најдобра минисерија на последното доделување Еми, а беа наградени и главните актери Стивен Јеун и Али Вонг. Доаѓајќи од различни општествени средини, нивните ликови почнуваат опасна игра на одмазда и подметнувања по мал сообраќаен инцидент на паркинг.