Претстојната шеста сезона на „Пики блајндерс“ ќе биде и последна, потврди нејзиниот креатор и сценарист Стивен Најт. Снимањето на криминалистичката драма на Би-Би-Си продолжи откако беше прекинато поради коронавирусот.
Најт ги предупреди фановите дека мафијашите од Бирмингем ќе се соочат со екстремна закана во последната сезона.
„Иако серијата завршува, приказната ќе продолжи во поинаква форма“, изјави Најт, додавајќи дека добил понуда за снимање филм за светот на семејството Шелби.
„Пики блајндерс“ доби одлични критики откако почна да се емитува пред осум години и гледаноста ѝ се зголемуваше со секоја наредна сезона.