ХИТ СЕРИЈАТА „СЛЕДОРЕД“ ЌЕ ЗАВРШИ СО ЧЕТВРТАТА СЕЗОНА

Њујорк, (АП)

Креаторот на хит серијата на Ејч-Би-О, „Следоред“ (Succession), потврди дека претстојната четврта сезона ќе биде и последна. Џеси Армстронг изјави дека сака многуте фанови на серијата да знаат дека крајот се ближи.

Следоред“ следи богато семејство кое поседува медиумски конгломерат и се мачи да ја одржи својата моќ. Четвртата сезона ќе има премиера следниот месец.

Следоред“ досега има освоено 13 Еми награди и беше прогласена за најдобра драмска серија во 2020 и 2022.

Никогаш не сум мислел дека ова ќе оди засекогаш. По втората сезона, крајот постојано беше присутен во мојата глава“, изјави Армстронг, додавајќи дека некои ликови би можеле да се појават во друг негов проект.