ХОРОР СЕРИЈАЛОТ „ПЕТОК ТРИНАЕСЕТТИ“ ЌЕ ДОБИЕ ПРИКВЕЛ СЕРИЈА

Лос Анџелес, (Вараети)

Линда Карделини (фото) ќе ја има главната улога во приквел серијата на хорор серијалот „Петок тринаесетти“, што ќе ја прави стриминг платформата „Пикок“. Карделини ќе ја игра Памела Ворхис во серијата „Кристално Езеро“ (Crystal Lake), која беше најавена уште во 2022.

Фановите на „Петок тринаесетти“ знаат дека Памела Ворхис е мајката на Џејсон Ворхис, убиецот со хокејарска маска кој е главен лик во најголемиот дел од филмовите од франшизата. Сепак, во првиот филм од 1980 Џејсон е детето кое се удавило во кампот на Кристалното Езеро, по чија смрт Памела Ворхис оди во одмазднички поход.

Петок тринаесетти“ бил снимен за буџет од 550.000 долари, а и покрај лошите критики, заработи речиси 60 милиони долари. Потоа се снимени уште 11 филма со Џејсон како главен лик.

(Фото: Нетфликс)