ИЗРАЕЛ НЕМА ДА БИДЕ ИСФРЛЕН ОД ЕВРОВИЗИЈА, ОБЈАВИЈА ОРГАНИЗАТОРИТЕ

Париз, (Гардијан)

Израел може да се натпреварува на годинашната Евровизија, објавија организаторите по зачестените повици за негово исклучување поради војната во Газа, како што беше случај со Русија поради инвазијата на Украина. Во јавноста кружеа неколку петиции за исклучување на Израел од настанот што ќе се одржи во Малме во мај.

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) денеска соопшти дека спровела анализа и одлучила дека Израел може да учествува.

„Евровизија е неполитички музички настан и натпреварување помеѓу јавните радиодифузери кои се членки на ЕБУ. Тоа не е натпреварување помеѓу влади“, објави ЕБУ.

Израел ќе настапи на втората полуфинална вечер на 9 мај. Ќе го претставува 20-годишната Еден Голан, која е родена во Русија.

(Фото: ЕБУ)