Фиби Волер-Бриџ, ѕвездата на серијата „Флибег“, го најави нејзиниот следен проект: серија базирана на филмот со Бред Пит и Анџелина Џоли од 2005 година, „Господин и госпоѓа Смит“.
Актерката и сценаристка ќе ја прави серијата во партнерство со Доналд Гловер („Атланта“), во продукција на „Амазон“. Тие ќе ги играат и главните улоги.
„Волер-Бриџ и Гловер се едни од најталентираните автори и актери на светот. Едвај чекаме да видиме како ќе изгледа нивната соработка“, велат од „Амазон“.
Серијата ќе излезе следната година.