Наградуваниот ирски актер Кенет Брана ќе го игра Борис Џонсон во нова драмска серија за справувањето на земјата со пандемијата на ковид-19, видено низ очите на британскиот премиер.
Драмата насловена „Sceptred Isle“ ќе раскаже за некои од најстрашните моменти со кои се соочи Велика Британија и како премиерот ја водеше низ тие дотогаш невидени времиња. Приказната се заснова на искази од стручни лица кои се директно вклучени во борбата со пандемијата, како министерот за здравство, научници и здравствени работници.
Серијата ќе има пет епизоди, чиј косценарист и режисер е Мајкл Винтерботом.
„Првиот бран на ковид-19 ќе се запамети засекогаш, време кога земјата се сплоти да се бори против невидлив непријател, кога луѓето беа повеќе од свесни за важноста на заедницата“, изјави британскиот режисер.