Актерката Кетрин О’Хара ќе глуми во втората сезона на една од најпопуларните серии на Ејч-Би-О, „Последните од нас“.
О’Хара е една од најпознатите актерки од комедии на денешнината, глумејќи во филмови како „Сам дома“.
Деталите за ликот што О’Хара ќе го игра се чуваат во тајност. Таа им се придружува на актерите кои ги играа главните улоги во првата сезона, како Педро Паскал и Бела Ремзи.
Ејч-Би-О ја прави серијата според истоимената популарна видеоигра. Сценариото е на Крег Мејзин, креаторот на успешната и наградувана минисерија „Чернобил“, заедно со самиот автор на видеоиграта Нил Друкман. Првата сезона имаше три номинации за Златен глобус и 25 Еми номинации.
Фото: Гети