Новото шоу на Меган Маркл на „Нетфликс“ е нешто како ребрендирање на поранешната ѕвезда на серијата „Одела“, промовирајќи ја во гуру на животен стил.
Шоуто „Со љубов, Меган“ беше промовирано на 4 март и има осум епизоди, во кои таа нагостува различен пријател, нудејќи корисни совети и трикови за тоа како да се биде врвна готвачка и домаќинка. Како и во повеќето други содржини поврзани со инфлуенсери, Меган ја покажува навидум леснотијата со која сите би можеле да постигнат совршен животен стил. Враќањето во овој свет е позната територија за Меган, која претходно водеше успешен блог, што го затвори пред да се омажи за принцот Хари.

Си-Ен-Ен издвои пет интересни моменти од првата епизода на новата серија:
1. Меган прави купки од сол
Подготовката за гостите изгледа речиси како ритуал за Меган и таа ги споделува своите совети како најдобро да ги пречекате во вашиот дом.
2. Меган ужива во пчеларството
Серијата започнува со Меган која гледа како пчелар отвора кошница за да го собере медот.
3. Правење свеќи
Подоцна, Меган го гребе медот од рамката на кошницата, а потоа прави свеќи од пчелин восок.
4. Совети за готвење
Во првата епизода Меган постојано се навраќа на идејата дека ситните детали прават разлика при готвењето, изработката и украсувањето и нуди совети.
5. Домашен џем од малини
Џемот што Меган го користи за украсување на тортата е со малини од нејзината градина.
(Фото: Нетфликс)