ОБЈАВЕН ПРВИОТ ТРЕЈЛЕР ЗА ВТОРАТА СЕЗОНА НА „КУЌАТА НА ЗМЕЈОТ“, КОЈ НАВЕСТУВА БРУТАЛНА ВОЈНА ВО ВЕСТЕРОС

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Крвава војна доаѓа во Вестерос, во која ќе се соочат семејствата Таргарјен и Хајтауер, најавува првиот трејлер за втората сезона на хит-серијата „Куќата на змејот“. Во трејлерот се појавуваат неколку познати лица од првата сезона, како Ренира Таргарјен (Ема Д‘Арси), Алисент Хајтауер (Оливија Кук) и Мет Смит (Дејмон Таргарјен), а дејството се надоврзува на смртта на синот на Ренира, принцот Лусерис, што е вовед во брутална војна.

Премиерата на втората сезона, која ќе има осум епизоди, ќе биде во лето 2024 на „Ејч-Би-О макс“.

Куќата на змејот“ е заснована врз книгата на Џорџ Р. Р. Мартин, „Оган и крв“, а се случува два века пред дејството во „Игра на тронови“.