„Авантурите на една турбофолк принцеза“ ја освои главната награда на најголемиот пазар за ТВ-серии во Европа, Конекта во Толедо, Шпанија, објави продукцијата „Охо“.
Наградата вклучува 50.000 евра за развојот на ТВ-серијата, чии автори се Андреј Волкашин и Петар Вулчев од Бугарија.
Проектот е во продукција на „Охо“ од Македонија и „Иквал тим“ од Бугарија, со поддршка на МРТВ, Глеј ТВ и Ејч-Би-О.
Веста ја објави и престижниот „Вараети“, каде стои дека возбудливата музичка драма-комедија „Авантурите на една турбофолк принцеза“ ја прикажува Васка, која го напушта домот под менторство на проститутката Ебони.
„Серијата е приказна за патувањето на две жени кои се борат со „своите внатрешни демони, грешките од минатото и учат како да ја преземат контролата врз сопствените животи“, пишува „Вараети“.
Фото: Сања Арсовска и Пеце Талески („Охо продукција“)