ОСКАРИТЕ И ОВАА ГОДИНА БЕЗ ВОДИТЕЛ

Лос Анџелес, (АП)

Втора година по ред, церемонијата на доделување Оскари нема да има водител.

Претседателката на ТВ-мрежата Еј-Би-Си, Кери Берк, кажа дека „преносот ќе се фокусира на она што добро функционираше и минатата година, како добра забава, врвни музички настапи и многу комедија и ѕвезди“.

Минатогодишниот пренос привлекол 29,6 милиони гледачи, што е втора најслаба гледаност во историјата, помала за 12% во споредба со 2018. Комичарот Кевин Харт требаше да ја води церемонијата, но се повлече по скандалот со стари навредливи твитови.

„Еј-Би-Си и Академијата за филмски уметности и наука се согласија церемонијата да оди без домаќин втора година по ред“, изјави Берк.

Номинациите за Оскар ќе бидат објавени в понеделник и меѓу нив може да се најде и македонскиот документарец „Медена земја“.