Последната епизода на „Игра на тронови“ и натаму е топ-тема на интернет, но Емилија Кларк вели дека најлудото допрва доаѓа.

Долгата ноќ“ се снимаше 55 ноќи по ред, што дел од актерите го опишаа како нивното најнепријатно искуство досега.

Она што го видовте беше токму онака како што го снимавме, а видовте снег, кал и крв и многу гневни луѓе како врескаат“, кажа популарната кралица на змејови во шоуто на Џими Кимел.

Таа, сепак, била доста поштедена од сето ова, бидејќи битката за Винтерфел ја помина јавајќи змеј, што било снимано на голема направа во складиште, со која управувал еден член на екипата. Кларк откри дека јавањето змеј било доста непријатно искуство за Кит Харингтон (Џон Сноу).

Се покажа дека поради тестисите е малку поразлично кога машко јава змеј. За нив е тоа доста непријатно и болно и на Кит не му беше сеедно“.

Иако виденото во третата епизода важи за најдолга филмска битка досега снимена, Кларк навестува дека во петтата епизода нè очекува нешто уште поголемо.

Ќе биде лудо, петтата епизода е уште појака од претходните. Земете си најголем телевизор што можете“, вели Кларк.