Креаторите на популарната ТВ-серија „Шерлок“ почнаа нов проект, адаптација на приказната за Дракула за Би-Би-Си и „Нетфликс“.

Марк Гатис и Стивен Мофат работат на нова верзија на приказната на Брем Стокер. Ќе има три епизоди од по 90 минути и надвор од Велика Британија ќе се прикажува на „Нетфликс“.

Дејството се случува во 1897 година и се врти околу вампирот од Трансилванија, кој се фокусира на жителите на Лондон.

„Отсекогаш имало приказни за злото. Она што е специфично за Дракула е дека Брем Стокер му даде херој на злото“, велат креаторите.

Поради работата на „Дракула“, одложено е снимањето на петтата сезона на „Шерлок“ со Бенедикт Камбербач и Мартин Фриман. Последната епизода од оваа серија беше емитувана уште во јануари 2017 година.