По три сезони се укинува хумористичната серија „Сексуалнииот живот на студентките“ на „Ејч-Би-О Макс“. Веста дојде два месеца по завршувањето на третата сезона.
Иако серијата има лојални фанови, третата сезона не можеше да им парира на првите две кога станува збор за рејтингот и критиките.
И покрај откажувањето, постои шанса серијата да најде нов дом. Продуцентската куќа „Ворнер брос“ ја истражува можноста да продолжи на други платформи, при што се споменува и „Нетфликс“.
Третата сезона донесе некои промени, вклучувајќи го заминувањето на една од главните актерки Рене Рап, што можеби влијаело врз интересот на публиката бидејќи таа беше една од омилените кај фановите.