ПОЛА МИЛИОН ФАНОВИ ПОТПИШАА ПЕТИЦИЈА ОДНОВО ДА СЕ СНИМИ ФИНАЛЕТО НА „ИГРА НА ТРОНОВИ“

Њујорк, (Би-Би-Си)

Повеќе од 500.000 фанови се потпишале на петиција со која од Ејч-Би-О се бара да ја преработи осмата сезона на „Игра на тронови“. Последната сезона на мегапопуларното шоу се соочи со низа критики откако почна да се емитува, а разочараните гледачи најчесто ги посочуваат слабата раскажувачка структура и судбината на некои од омилените ликови.

Петицијата на сајтот Change.org беше лансирана по емитувањето на претпоследната, петта епизода, при што од авторите на серијата се бара комплетно да ја „преработат сезоната со компетентни сценаристи“.

Во објаснувањето на петицијата се вели дека сценаристите Дејвид Бениоф и ДБ Вајс се докажаа како крајно неспособни.

Бидејќи новата книга на Џорџ РР Мартин „Ветрови на зимата“ сè уште не е довршена, серијата ќе има поразличен крај.

Серијата заслужува финална сезона што има смисла. Оваа сезона уништи сè што беше градено досега низ серијата, како резултат на избрзано сценарио, слабо развивање на ликовите и, генерално, затоа што на сценаристите им е гајле“, вели еден потписник на петицијата.