„Скандал“
По седум сезони, „Скандал” ја емитува својата последна епизода на 19 април. Серијата ги следеше подемите и падовите на Оливија Поуп (Кери Вашингтон), десна рака, правен советник и љубовница на претседателот, како и сите интриги врзани со Белата куќа. Серијата направи ѕвезди од Тони Голдвин, Скот Фоли, Белами Јанг и Кејти Лоис.
„Куќа од карти“
По низа обвинувања за сексуално вознемирување кои се појавија против ѕвездата Кевин Спејси, Робин Рајт ќе ја преземе водечката улога во последната сезона на „Куќа од карти”.
Серијата за немилосрдните мерки што двојката ги презеде за да влезе во Белата куќа ќе се врати на „Нетфликс“ подоцна во текот на годинава.
„Нова девојка“
Комедијата за случките на Џес, Ник, Шмит и Винстон ќе заврши со седмата сезона, враќајќи се на 10 април со своите последни епизоди.
Во популарната серија играат: Зои Дешанел, Џејк Џонсон и Макс Гринфилд.
„Американци“
Драмата на студиото Еф-Екс со Кери Расел и Метју Рис како шпиони на КГБ кои живеат тајно во Вашингтон за време на Студената војна ќе заврши по шест сезони.
Серијата креирана од Џо Вајсберг на 28 март ја започна својата последна сезона.
„Нешвил“
„Нешвил” годинава ќе ја има својата последна, шеста сезона. По заминувањето на Кони Бритон во петтата сезона, Хајден Панетиер, Клер Боуен и Чарлс Естен ќе ја завршат серијата за кантри сцената, чија последна епизода ќе се емитува на 26 јули.
„Водич за развод “
Серијата за тазе разведената писателка која се обидува да се приспособи на сингл животот ќе заврши со петтата сезона. Финалните епизоди ќе се прикажат на „Браво“ подоцна во текот на годината.