ПОСЛЕДНАТА СЕЗОНА НА „ИГРА НА ТРОНОВИ“ ЌЕ СОДРЖИ ЕПСКА БИТКА ШТО СЕ СНИМАЛА 55 ДЕНА

Лондон, (Вараети)

Оние фанови на „Игра на тронови“ кои мислат дека наградуваната епизода од 2016 година „Битка на копилињата“ беше епска и возбудлива, очигледно сѐ уште ништо немаат видено.

Во еден од ретките спојлери што излезе од снимањето на последната, деветта сезона, која ќе почне да се емитува дури за една година, беше откриено дека екипата потрошила неверојатни 55 дена на снимањето на сцена на битка, што ќе го надмине сето она што досега беше видено во серијата. Снимањето се одвивало на три локации.

Ова го откри асистенот на режија Џонатан Квинлен во пост на Инстаграм, што, во меѓувреме, бил избришан.

Ова е за ноќните змејови, што издржале 55 ноќи по ред на студ, дожд, снег, ветер и кал. Кога десетици милиони фанови низ целиот свет ќе ја гледаат епизодата по една година, тие ќе знаат колку напорно сте работеле. На нив нема да им биде гајле колку сте биле уморни и колку ви било тешко да работите на температури под нулата. Тие ќе бидат свесни дека гледаат нешто што досега не е видено“, стоело во пораката, која навести дека овие сцени се снимани на локации во Северна Ирска.

Ејч-Би-О не даде коментар за овој пост.

Точниот датум на премиерата на деветтата сезона сѐ уште не е објавен.