Режисерот и косценарист на „Блек Пантер“, Рајан Куглер, работи на ТВ-серија која ќе се случува во футуристичкото кралство Ваканда. Новата серија, што ќе се емитува на стриминг сервисот „Дизни +“, е дел од петгодишниот договор на „Дизни“ и продуцентската куќа на Куглер.
Засега нема други информации за серијата. Куглер моментално работи на продолжението на блокбастерот од 2018, чија премиера е најавена за јули 2022.
Филмот за првиот црн суперхерој на „Марвел“ имаше доминантен афроамерикански кастинг, заработи 1,3 милијарди долари и освои три оскари.