Хит серијата на „Ејч-Би-О“, „Сексот и градот“, ќе се снима пак, но без една од ѕвездите, Ким Катрал. Таа ќе се врати во вид на минисерија 16 години откако заврши последната, шеста сезона и десет години откако излезе филмот „Сексот и градот 2“.
Холивудските медиуми пренесуваат дека Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис ќе ги репризираат улогите, но Катрал нема да биде дел од тимот. Катрал, која ја играше Саманта Џонс, често изјавуваше дека е скептична за нова ТВ-верзија уште откако излегоа филмовите во 2008 и 2010.
Паркер, пак, лани изјави дека е љубопитна да види како би се развивале сите четири лика во денешно време, со новата технологија и социјалните медиуми.
Новата серија ќе се снима за стриминг сервисот „Ејч-Би-О макс“.