ШТО НОСИ ЗИМАТА ЗА СТАРКОВИ И ЛАНИСТЕРИ? – НАЈИСЧЕКУВАНИТЕ СЕРИИ ВО 2019

Њујорк, (Мешабл)

За 2018 со сигурност може да се каже дека беше година на одлични серии, но според најавите, ништо полоша на тој план нема да биде ни новата година. Ќе се појават некои нови, но можеби уште поголеми се очекувањата од оние кои ја прескокнаа 2018.

ИГРА НА ТРОНОВИ

Една од најгледаните серии на сите времиња се враќа со своето големо финале во април, што ќе има само шест епизоди. Кој знае што носи зимата за Старкови, Ланистери и Таргарјени, но се навестува дека сешто ќе има.

АКАДЕМИЈАТА АМБРЕЛА

Оригиналната серија на „Нетфликс“ следи шест браќа и сестри, сите освен еден со супермоќи, кои се здружуваат по смртта на нивната мајка и откриваат заговор за уништување на светот.

ВОЧМЕН

Филмската адаптација на мрачниот стрип на Алан Мур од 2009 година беше доста големо разочарување. Серијата на Ејч-Би-О нема да ја следи приказната од стрипот, но ќе се случува во истиот универзум.

ДОБРИ ПРЕДЗНАЦИ

Нил Гејмен важи за еден од најдобрите раскажувачи на оваа генерација и затоа со голем интерес се очекува и играната адаптација на чудната приказна за пријателството помеѓу демон и ангел, кои се обидуваат да спречат апокалипса.

НЕПОЗНАТИ НЕШТА

По една година без нови информации за омилените деца од гратчето Хокинс, третата сезона се враќа наредната година, за што засега нема точен датум. На крајот на втората сезона видовме дека градот сè уште не е безбеден од чудовиштата од друга димензија, но тоа не е нешто што оваа млада екипа не може да го реши.

Третата сезона на „Непознати нешта“ тешко може да се очекува пред летото

ВИСТИНСКИ ДЕТЕКТИВ

Ако за првата сезона сè уште се зборува, втората многумина би сакале да ја заборават. Третата сезона ќе има премиера на 13 јануари, а серијата ќе ја спасува оскаровецот Махершала Али.

КРУНА

Клер Фој се збогуваше со улогата на Елизабета Втора и сега ја наследува Оливија Колман, бидејќи дејството се префрла во 60-ите и 70-ите години од минатиот век.

МАЛИ ГОЛЕМИ ЛАГИ

Добредојдовте назад во Монтереј, кадешто речиси сите се богати!

Втората сезона на хит-серијата на Ејч-Би-О излегува од настаните од книгата врз кои беше базирана првата, а кон ѕвездената екипа е приклучена никој друг туку Мерил Стрип.