ТОМ КРУЗ ЈА ГУБИ УЛОГАТА НА ЏЕК РИЧЕР БИДЕЈЌИ Е ПРЕКУС

Лондон, (Би-Би-Си)

Акциониот херој Џек Ричер ќе добие нова, телевизиска верзија, но Том Круз нема повторно да го игра насловниот лик, бидејќи, како што вели авторот Ли Чајлд, тој е прекус за оваа улога.

Во книгите на Чајлд, Ричер е опишан како речиси два метри висок маж со раце со големина на чинија, додека Круз е висок 170 сантиметри.

„Колку и да е талентиран, Круз ги нема потребните физички предиспозиции за оваа улога“, изјави Чајлд.

Британскиот писател кажа дека минатата недела потпишал договор за снимање на серија за Џек Ричер, за кој досега се направени два успешни филма. За изборот на Круз за оваа улога своевремено се бунеа и читателите.

„Навистина уживав да работам со Круз, тој е многу, многу фино момче. Многу се забавувавме. Но, на крајот, читателите се во право. Физичкиот изглед на Ричер е многу, многу важна компонента од она што е тој“, вели Чајлд.

Првиот филм за Џек Ричер излезе во 2012 година и заработи 218 милиони долари.