Во јануари ќе почне снимањето на третата сезона на популарната ТВ-серија на „Ејч-Би-О“, „Еуфрија“.
„Среќна сум што сме подготвени да започнеме со продукција на ‘Еуфорија’ во јануари. Имаме одличен тим и неверојатна актерска екипа“, рече Франческа Орси, извршна потпретседателка на „Ејч-Би-О“.
Продуцентите минатата година изјавија дека новите епизоди нема да бидат готови до 2025.
Серијата им донесе светска слава на неколку актери, вклучувајќи ги Зендаја, Колман Доминго, Сиднеј Свини, Џејкоб Елорди и Сторм Рид.
Според „Ејч-Би-О“, премиерата на втората сезона на „Еуфорија“ била „најгледана епизода од серијата досега на ‘Ејч-Би-О макс’, која моментално има повеќе од 14 милиони гледачи низ платформите“.
Фото: „Ејч-Би-О“