Ејч-Би-О ќе нарача пилот епизода за втората приквел серија на „Игра на тронови“, која ќе се фокусира на семејството Таргарјен. Таа би се случувала 300 години пред дејството во „Игра на тронови“, кога почнува падот на куќата Таргарјен.

Креирана од Рајан Кондал и самиот писател Џорџ Р. Р. Мартин, проектот би се базирал врз неговата книга „Оган и крв“. Таа раскажува приказни за претходните кралеви од ова семејство, како Егон Освојувачот, првиот владетел на Вестерос, чии потомци се и Денерис и Џон Сноу.

Ејч-Би-О претходно најави дека ќе прави пет серии за светот од „Игра на тронови“ и досега само една е официјално потврдена, со Наоми Вотс во главната улога, која ќе се случува илјадници години порано. Оваа серија, чија пилот епизода беше снимена летово, ќе ги истражи потеклото на Белите шетачи, мистериите на Есос и легендите на раното семејство Старк.