ВТОРАТА СЕЗОНА НА „КУЌАТА НА ЗМЕЈОТ“ ДОАЃА ВО ЛЕТО 2024

Њујорк, (Вараети)

Втората сезона на „Куќата на змејот“ ќе има премиера на Ејч-Би-О во почетокот на следното лето, изјави шефот на ТВ-мрежата Кејси Блојс. На медиумска презентација во Њујорк ексклузивно беше прикажан првиот трејлер за втората сезона, но деталите остануваат тајна.

Заснована врз книгата „Оган и крв“ од Џорџ Р. Р. Мартин, „Куќата на змејот“ ја следи династијата Таргарјен речиси 200 години пред случувањата во оригиналната серија „Игра на тронови“. Снимањето на втората сезона почна на 11 април и не беше погодено од штрајкот на холивудските сценаристи и актери.

Блојс истовремено откри дека снимањето на „A Knight of the Seven Kingdoms: The Hedge Knight“, спиноф на „Игра на тронови“, треба да почне следната пролет, што ќе зависи од актуелниот штрајк на актерите.