Роберт де Ниро (81) вели дека квалитетно го поминува времето со својата двегодишна ќерка Гиа. Оскаровецот во радиоинтервју рече дека тој и неговата ќерка сакаат заедно да гледаат детски емисии на интернет и телевизија.
Де Ниро додаде дека заедно ја гледаат популарната детска емисија „Госпоѓа Рејчел“ и дека Гиа станува „попребирлива за емисии“. Де Ниро и неговата девојка Тифани Чен ја добија Гиа во 2023.
„Таа е толку преслатко бебе. Толку е мила. Кога ја гледам, сè друго исчезнува. Голема радост е да се биде само со неа во моментот“, кажа Де Ниро.
Гиа е седмото дете на Де Ниро. Тој има две возрасни деца со неговата поранешна сопруга Дијана Абот и два возрасни сина од врската со Туки Смит. Беше и во брак со Грејс Хајтауер пред да се разделат во 2018 година. Родители се на син и ќерка.
(Фото: Икс)