ВАЖНО МИ БЕШЕ ДА ИЗГЛЕДАМ КАКО ВОИН, А НЕ КАКО МОДЕЛ ЗА ДОЛНА ОБЛЕКА, ВЕЛИ ПОЛ МЕСКАЛ ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈАТА ВО „ГЛАДИЈАТОР 2“

Лос Анџелес, (Скај)

Ирскиот актер Пол Мескал вели дека имал интензивни тренинзи и строг режим на исхрана за снимањето на вториот дел на „Гладијатор“. Продолжението на блокбастерот од 2001 повторно е во режија на Ридли Скот, а во кината ќе игра од 22 ноември.

Мескал го глуми Лусиус, кој се бори за својот живот како гладијатор, иако ужива висок статус како внук на некогашниот цар Комод.
По објавувањето на трејлерот, фановите имаа најпозитивни коментари за телото на 28-годишниот глумец, кој се прослави со серијата „Normal People“.

Фото: Јутјуб

Запрашан во едно интервју дали имал тежок распоред и дали можел да јаде сѐ што сака, Мескал рече:

„Ги имав сите погодности на располагање. Имав одличен тренер. Ми кажуваа што да јадам, кога да јадам. И мислам дека тоа е само нуспроизвод. Треба напорно да тренирате за да бидете во ваков филм и некако ми се допадна. Се разбира, беше заморно во одредени моменти“.

Во интервју за „Венити фер“, Мескал кажа дека во младоста тренирал ирски фудбал (вид рагби) и дека тоа му помогнало во вежбањето за борбените сцени.

„Важно ми беше да изгледам како воин. Сакав да избегнам моето тело да изгледа како модел за долна облека“, рече тој

Во филмот глуми и Педро Паскал, кој изјави дека на Мескал му го дал прекарот Brick Wall Paul поради набилданото тело.