ВДОВИЦАТА НА КИРК ДАГЛАС ПОЧИНА НА 102 ГОДИНИ, ВО БРАК ПОМИНАА 66 ГОДИНИ

Беверли Хилс, (Си-Ен-Ен)
arrives to the 35th AFI Life Achievement Award tribute to Al Pacino held at the Kodak Theatre on June 7, 2007 in Hollywood, California.

Ен Даглас, добротворка, публицистка и вдовица на холивудската легенда Кирк Даглас, почина во својот дом во Беверли Хилс на 102 години, потврди семејството. Таа почина 14 месеци по смртта на нејзиниот 103-годишен сопруг.

Кирк Даглас двапати се женеше, но неговиот втор брак важеше за една од најдолговечните љубовни приказни во Холивуд. Тој се запознал со Германката Ен Бајденс додека таа работела во филмско студио во Париз и се венчале во мај 1954, останувајќи заедно цели 66 години.

Сепак, во книгата што заедно ја објавија во 2017, „Кирк и Ен: Писма за љубов, смеа и животен век во Холивуд“, таа откри дека нејзиниот сопруг имал афери со други жени и дека тоа не го ни криел од неа.

Во бракот добија двајца синови, од кои Ерик почина од предозирање со дрога во 2004.