Македонија денеска доби 200.000 вакцини на кинеската компанија „Синофарм“, што е најголемата пратка вакцини против ковид-19 која досега пристигнала во земјата. Тие ќе почнат да се даваат после празниците.

  • Имунизацијата со кинеските вакцини ќе почне на 4 мај и ќе се одвива во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје и во шест други града.
  • Планирано е дневно да се вакцинираат меѓу 11.000 и 15.000 луѓе, а пријавувањето се прави преку сајтот vakcinacija.mk.
  • Вакцините на „Синофарм“ се даваат во две дози и можат да се чуваат во обични фрижидери.
  • Македонија по разни канали досега доби вакцини на „Фајзер/Бионтек“, „АстраЗенека“ и „спутник“.
  • До денеска, 55.926 жители на Македонија имаат примено најмалку една доза.
  • Бројот на активни случаи на коронавирус изнесува 15.013.