ВЕЛЕШАНКАТА ЈАГОДА ПАЧЕМСКА СО ФУСТАНИ ОД ЦВЕЌЕ ОДРЖА РЕВИЈА НА МОДНИОТ ВИКЕНД СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Велешанката Јагода Пачемска, како единствен цветен моден креатор беше учесник на „Моден викенд Скопје“ со своја ревија.

Таа се претстави со три нејзини креации од природно зеленило.  Пачемска има свое уметничко студио за цвеќе „ФА-БУ“ во Велес, и освен цветни аранжмани изработува и фустани од цвеќе.

Пачемска прикажа три фустани изработени од цвеќе и природно зеленило (Фото: Приватна архива)

Уникатните фустани изработени од цвеќе и природно зеленило, таа ги прикажа на модниот настан и доби пофалби од публиката. Пачемска првиот фустан од цвеќе го има изработено кога имала 15 години, а со цвеќарство се занимава 24 години.

Традиционалниот настан „Моден викенд Скопје“ по 28. пат се одржа во скопскиот трговски центар „Ист гејт“. Програмата започна со модната ревија и презентација „Дијалози“, која ја организираше Амбасадата на Шпанија.

П.ПЕЧКОВ