Дуња Иванова од велосипедскиот клуб „Енерџи“ од Скопје победи на маратонот во планински велосипедизам кој се одржа на Стара планина во Србија.
Овој натпревар беше дел од календарот на Светската велосипедска федерација – УЦИ. Нешто повеќе од 60 километри и висинска разлика од речиси 2400 метри беше предизвик за сениорската конкуренција во екстремно суви услови и брутални искачувања.
„Со вкупно време од 5 часа и 9 минути, Иванова го заслужи златото и дополнителни 60 УЦИ поени. Второпласирана беше Бојана Јовановиќ од Србија, а за третото место го освои Асја Борисова од Бугарија“, велт од тимот на Иванова.
Во машката конкуренција, награди добија Мартин Фреј од Германија, Милан Нешиќ и Алекса Рајковиќ од Србија.
Фото: Дуња Иванова (десно) извозе 60 километри за 5 часа и 9 минути