ВИМБЛДОН Е ПРАЗЕН И ТИВОК ЗА ПРВПАТ ОД 1945 ГОДИНА

Лондон, (Дејли мејл)

Тенискиот клуб Ол Ингленд во Лондон е тивок и празен кога вообичаено беше преполн со луѓе и се создаваа неподносливи гужви и редици.

Вчера требаше да биде првиот ден на Вимблдон, најпрестижниот тениски турнир на светот, но поради пандемијата на коронавирусот, уште на 1 април беше донесена одлука за негово прво откажување од 1945 година. Поточно, ова е првпат да не се одржува во мирни услови од неговите почетоци во 1877 година.

На тој начин, Новак Ѓоковиќ и Симона Халеп ќе ги задржат шампионските титули до наредното лето.

Следниот гренд слем турнир е Ју-Ес опен, кој треба да почне на 31 август, но ќе се игра пред празни трибини во Њујорк.